среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 25
home Останати спортови

Разговорот помеѓу 15-годишната тенисерка и татко и е хит: Тато, не смееш да пцуеш! (ВИДЕО)

Разговорот помеѓу 15-годишната тенисерка и татко и е хит: Тато, не смееш да пцуеш! (ВИДЕО)

Младата американска тенисерка, Кори Гауф, е елиминирана утрово од ВТА-турнирот во Окленд (Нов Зеланд), откако загуби од германската тенисерка Лора Сигемунд со 2-1 во сетови.

Гауф, која има само 15 години, го доби првиот сет со 7-5, а на паузата помеѓу двата сета, до столот и се приближи нејзиниот татко и тренер Кори, со кого имаше многу интересен разговор, кој наскоро стана хит на социјалните мрежи.

Знаеш дека не играше добро, но пронајде начин. Тоа го прават само шампионите. Сега се загреа. Порано беше побавна затоа што не се загреваше. Нозете не беа толку активни како и обично. И знаеш, една работа што не ја направи во последните три поени е откажувањето на нејзиниот проклет сервис. Нејзиниот сервис беше слаб и бавен, изјави нејзиниот татко.

Потоа, во разговорот се вклучи и младата тенисерка, на која и пречеше што нејзиниот татко го употреби зборот „проклет“.

Не смееш да пцуеш, му одговори Гауф на својот татко, кој на крајот и се извини поради таквиот потег.

Коронавирус