петок, 14. мај 2021. Вести денес: 80
home Останати спортови

Рафаел Надал се враќа на турнирот во Барселона

Рафаел Надал се враќа на турнирот во Барселона

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал, ќе игра на турнирот од серија 500 во Барселона.

Тој поради повредата се откажа од натпреварувањето во Ротердам, потоа во Дубаи и Акапулко, а нема да биде ниту во Мајами, како и неговите најголеми ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Рафа е исто така на списокот на учесници на турнирот во Монте Карло, но сè уште нема официјална потврда дали ќе се појави во Монако.

Турнирот во Барселона ќе се одржи од 19 до 25 април, а Шпанецот овде има освоено рекордни 11 титули.

Коронавирус