четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал нема да настапи на АТП турнирот во Акапулко

Рафаел Надал нема да настапи на АТП турнирот во Акапулко

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал настапи на Австралија Опен и покрај проблемите со грбот.

Во периодот кој следи Надал има за цел комплетно да ја санира повредата пред да се врати на терените и веќе го откажа настапот во Ротердам, а најновата вест е дека нема да ја брани ниту титулата на турнирот во Акапулко.
Надал играше на турнирот во Мексико во последните четири години, но сега организаторите на клубот открија дека не можат да си ја дозволат вообичаената сума за настап која ја добиваат најголемите тениски ѕвезди како Рафа.
Добро познато е дека помалите турнири на АТП турот плаќаат за да дојдат најголемите ѕвезди во овој спорт, а претпоставките се дека Надал барал околу еден милион евра за да биде почестен гостин во Акапулко, турнир од АТП Мастерс серијата 500.

Надал изрази жалење што нема да може да ја брани титулата во Акапулко.

Коронавирус