среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 120
home Останати спортови

Путин: Русија ќе се жали, ова ми мириса на политика

Путин: Русија ќе се жали, ова ми мириса на политика

Претседателот на Русија, Владимир Путин, најави дека неговата земја сигурно ќе поднесе жалба против одлуката на ВАДА за суспензија на сите руски спортисти и репрезентации од големите натпреварувања. Оваа санкција се однесува на ОИ во Токио и на СП 2022 во Катар, но првиот човек на руската држава смета дека казната е донесена од политички, а не од спортски причини.

„Ми мириса на политика, ова е казна што нема никаква врска со спортот. Ако нема директно обвиненија против некоја земја, тогаш таа мора да се натпреварува под своето знаме. Тоа е запишано и во Олимписката повелба.  Тоа значи дека одлуката на ВАДА директно ја прекршува повелбата. Имаме услови да се жалиме, верувам дека ќе успееме. Не можам да разберам како некој може да донесе колективна казна за бројни спортови. Очигледно е дека на тие луѓе не им е важно „спортот да биде чист“, туку одлуката е едноставно политичка“ – изјави Путин.

Јасно е дека најновата казна на ВАДА дополнително ќе го разбранува светот на спортот, а останува да се види дали Русите ќе успеат со најавената жалба да ја поништат жестоката санкција изречена кон оваа земја.