четврток, 5. август 2021. Вести денес: 148
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Останати спортови

Публиката се враќа на Австралија Опен

Публиката се враќа на Австралија Опен

Организаторите на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија Опен, објавија дека од утре, на трибините во Мелбурн Парк, повторно ќе има навивачи и ќе може да ги следат натпреварите.

Владата на сојузната држава Викторија, реши да ги олабави епидемиолошките мерки, кои беа воведени пред пет дена.

„Гледачите се враќаат на Австралија опен во наредните четири дена. Максимален број на навивачи кои ќе можат да бидат присутни на Род Лејвер арена е 7.477“, објави директорот на турнирот Крег Тили.

До моментот кога беше воведена забраната, на дневно ниво, во Мелбурн парк им беше дозволен влез на 25.000 навивачи.

Владата на Викторија, воведе забрана за навивачите, откако во Мелбурн беше регистриран британскиот сој на коронавирусот.

Коронавирус