понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 196
home Останати спортови

Прво олимписко злато во историјата за Филипини

Прво олимписко злато во историјата за Филипини

Филипинката Хидилин Дијаз го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 55 килограми на Игрите во Токио и со тоа на својата земја и го донесе првото олимписко злато во историјата.

Филипинските спортисти до Олимпијадата во Токио имаа освоено вкупно 10 медали, но ниту еден златен.

Во својот четврти и најверојатно последен настап на Олимписките игри, во историјата се запиша 30-годишната Дијаз која крена вкупно 224 килограми и го освои златниот медал со нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал го освои Лиао Квијун (223), додека бронзениот медал и припадна на Зулфија Чинсханло од Казахстан (213).  (МИА)

Коронавирус