сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 78
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Останати спортови

Први импресии на ХЕРОЈОТ Георгиевски: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност

Први импресии на ХЕРОЈОТ Георгиевски: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност

Таеквондистот Дејан Георгиевски ги сподели вечерва со македонската јавност своите први импресии по освојувањето на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио.

– Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум навистина под големи импресии и не можам да кажам ништо повеќе, рече Георгиевски во директното јавување од Токио за дневникот на телевизија Сител.

Георгиевски посочи дека клучен момент на неговиот пат кон олимпиското одличјебила првата борба против актуелниот светски првак, Кубанецот Алба Кастиљо.

– Најголем предизвик беше првата борба, бидејќи тука го скршив мразот. Но, како што најавував и претходно, тука се дојдени најдобрите и мојата цел беше да ги победам сите, изјави Георгиевски.

Тој додаде дека атмосферата во македонскиот олимписки тим во Токио е на завидно ниво.

– Сите си даваме меѓусебна поддршка и се мотивираме едни со други, и се надевам дека и другите наши натпреварувачи ќе постигнат голем резултат, додаде Георгиевски.

Тој попладнево му го донесе на македонскиот спорт првиот олимписки медал по 21-годишна пауза, откако настапи во финалето во категоријата над 80 килограми, во кое по голема борба загуби со 15:9 од главниот фаворит на олимпискиот турнир, Русинот Владислав Ларин.

На патот до финалето македонскиот таеквондист ги совлада актуелниот светски првак Алба Кастиљо од Куба, Сејду Гбане од Брегот Слонова коска и Јужнокореецот Ин Дон.

Сребрениот медал на Георгиевски е второ олимписко одличје за македонскиот спорт по бронзата на борачот Мохамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј во 2000-та година.

Коронавирус