сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 53
home Останати спортови

Првата изјава на Марко кој го преплива Охридско Езеро: Беше лесно (ВИДЕО)

Првата изјава на Марко кој го преплива Охридско Езеро: Беше лесно (ВИДЕО)

Марко Пејчиновски вчера го преплива Охридското Езеро и ја воодушеви целата македонската јавност која и денес е под импресии од подвигот на младото момче.

После големиот подвиг очекувано беше воодушевен, но истакна и дека не му било премногу тешко да се справи со водата во Охридското Езеро.

12-годишниот Пејчиноски направи голем подвиг препливувајќи ја маратонската патека во должина од 30 километри од Свети Наум до охриското пристаниште.

Пејчиноски вчера пливаше во тешки услови и по немирни води, но тоа не му пречеше да ја оствари својата цел.

Ако се знае дека имал како дете инфаркт на долните екстремитети, овој подвиг на младиот охриѓанец е навистина за почит.