четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 146
home Останати спортови

Прва АТП титула за Гркот Циципас

Прва АТП титула за Гркот Циципас

Стефанос Циципас ја освои првата АТП титула во својата кариера, по триумфот на турнирот во Стокхолм во Шведска со награден фонд од 612.755 евра.

Дваесетгодишниот Грк го победи Ернест Гулбис со 6:4, 6:4.

Циципас загуби две финалиња оваа година, но овојпат беше беспрекорен и ја освои титулата во Стокхолм по час и 22 минути игра.

Грчкиот тенисер на ист начин ги освои првите два сета, со по еден брејк во десеттиот гејм, што беше доволно за успех. (МИА)

Коронавирус