вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Останати спортови

Противникот на Георгиевски пред три години победи во финале – со дислоциран прст!

Противникот на Георгиевски пред три години победи во финале – со дислоциран прст!

Русија долго време чека златен медал на Олимписките игри во теквондо, а најголема шанса гледа оваа година, кога Владислав Ларин ќе се сретне во финалето со нашиот Дејан Георгиевски.

Прворангираниот на теквондо турнирот во Токио без проблеми стигна до финалето. На патот до првото место на пиедесталот му стои 22-годишниот претставник на Македонија.

Ривалот на Георгиевски е добро познат за теквондо јавноста. Има освоено многу медали, запишува победи на нешто повеќе од 80% од своите борби, а пред три години освои турнир во Рим со дислоциран прст.

При еден пад во финалето, Ларин незгодно падна и со повреда мораше да ја заврши борбата. На крај херојски славеше против првиот фаворит Ин Кјо Дон, противникот кој Георгиевски го совлада во полуфиналната фаза во Токио.

Пред да ја започне кариерата во теквондо, Ларин беше талентиран гимнастичар, сè додека скршеница на раката при слетување не го натера да ја промени професијата. Забавниот карактер на Ларин го формираше неговиот атрактивен стил на борба, особено неговиот заштитен знак, кога се врти и ја напаѓа главата на неговите противници.

Коронавирус