недела, 20. мај 2018. Вести денес: 11
home Останати спортови

Промените кои го олеснуваат претекнувањето ќе ги забават Ф1 болидите за 1,5 секунди

Промените кои го олеснуваат претекнувањето ќе ги забават Ф1 болидите за 1,5 секунди

Болидите од Формула 1 ќе прават обиколки во просек за секунда и половина побавно во 2019 како резултат на предвидените промени за олеснување на претекнувањата. Минатата недела, ФИА одобри корекции во болидите за следната сезона, вклучувајќи и ново предно и задно крило. Поради нив ќе се намали аеродинамичното претставување, и ќе доведе до подолги времиња за круг.

До донесувањето на решението за промените се стигнало во процесот на сеопфатна анализа и подготвување на нови регулации за периодот по 2020 година. Николас Томбазис од ФИА го опишува чекорот за 2019 година како „половина изградена куќа“ и се очекува значителните разлики да се појават после три години. Томбазис истакна дека работата е во тел и има уште многу да се истражи и да се заврши.

– Правилата за 2019 година се дел од лекциите кои веќе сме ги научиле во Ф1. Тие се лесни за спроведување, па решивме да ги воведеме уште во оваа фаза, појасни Томбазис.

(Миа)