понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Притворени двајца француски тенисери поради сомневање дека местеле натпревари

Притворени двајца француски тенисери поради сомневање дека местеле натпревари

Двајца француски тенисери се притворени, како дел од истрагата околу сомневањата за местење натпревари, јави дописникот на МИА.

Според денешното издание на спортскиот весник „Л’Екип“, станува збор за  двајца млади француски тенисери, Жул Окала и Мик Лескур, кои играат на турнирите на иднината (3-та лига на тениските турнири) и на турнирите Предизвикувачи (2-ра лига). Тие се уапсени и ставени во притвор вчера, пред турнирот во Брессуир .

Жул Оката, (21), рангиран на 381. место  во 2016 година) и Мик Лескур, (25), рангиран на 487. место во 2018 година, се уапсени во нивниот хотел неколку часа пред почетокот на турнирот во Брессуир и се осомничени дека добиле пари во замена за загубата на еден сет со точен резултат на професионални турнири помеѓу 2015 и пролетта 2018 година во Франција и во странство. Предложената сума изнесува околу 3.000 евра за натпревар каде добивката за победникот во синглови не надминува 2.000 евра.

Овој случај доаѓа во контекст на истрагата која се води во белгиско-ерменската мафија околу еден Ерменец, наречена „Маестро”, кој се верува дека е главниот наредбодавач . Тој е обвинет во Белгија за корупција, перење пари, фалсификување и прекршување на законите за игри на среќа (коцкање).

Според спортскиот француски дневен весник, можни се и други апсења на играчи. Двете апсења се дел од широка  истрага која се спроведува низ целиот свет за местење натпревари, вклучувајќи голем број играчи на стотици натпревари од 2014 година во повеќе земји. Минатата недела, Европол, Европската полициска агенција, го објави апсењето на 83 лица, кои исто така, беа вклучени во наместени тениски натпревари на онлајн вложување.

Коронавирус