сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 27
home Останати спортови

Пријател ја откри „тајната“ на Лаура Кларк – судијката која го исфрли Новак од УС опен: „Се маскираше за никој да не ја препознае“

Пријател ја откри „тајната“ на Лаура Кларк – судијката која го исфрли Новак од УС опен: „Се маскираше за никој да не ја препознае“

Лаура Кларк, судијката поради која Новак Ѓоковиќ беше суспендиран од УС опен, се повлече од јавноста по целиот инцидент.

Таа доби медиумско внимание како никогаш претходно, а откако беше откриен нејзиниот Инстаграм профил, добила дури и закани од згрозените фанови.

За неа долго време не беше слушнато ништо откако Новак беше исфрлен, освен што директорката на УС опен, Стејси Аластер откри дека не очекувала медиумите да ја шиканираат.

Сега, еден од колегите на Лаура открил дека таа по инцидентот одлучила да се повлече и целосно да се маскира, за никој да не може да ја препознае.

Како што открил тој, таа на терен била по 48 часа откако се случил инцидентот со Новак, кога имаше претерана реакција која што сигурно влијаела на организаторите да го дисквалификуваат Новак.

„Судеше само на два натпревари, вклучувајќи го и непознатиот дубл на соседното место. Но, тоа го правеше „инкогнито“, носеше голема маска, а со капата го покриваше лицето. Очигледно не сакаше да ја препознаат, што е разбирливо“ – открил нејзиниот пријател.

Таа по УС опен заминала во својот дом во Кентаки, а пред тоа на пријателите им раскажала за инцидентот со Ѓоковиќ и им признала дека тоа нема да ја спречи да ја работи работата која што навистина ја сака.

Коронавирус