среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Останати спортови

Претседателот на ИААФ ќе престојува во Македонија

Претседателот на ИААФ ќе престојува во Македонија

Претседателот на Светската атлетска федерција (ИААФ), Лордот Себастијан Коу, в недела и вo понеделник ќе престојува во Скопје како специјален гостин на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Лордот Коу доаѓа во Македонија по повододбележувањето на 70 години од постоењето наАФМ, а ќе присуствува и на централната свеченост в недела.

Претседателот на АФМ, Крсто Серафимовски, наведе дека ова е првпат претседател на ИААФ да ја посети Македонија.

– Лордот Коу е една од највисоките личности во светот на спортот воопшто и неговото доаѓање во Скопје и во Македонија е голема чест и признание за нас, истакна Серафимовски.

Високиот гостин предвидено е да се сретне со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, претседателот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, како и со други личности од спортот и од општествениот живот на Македонија.

МИА

Локални избори 2021