понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 75
home Останати спортови

Престојот на Ѓоковиќ во Австралија „виси на конец“: Министерот за имиграција сè уште го разгледува укинувањето на виза

Престојот на Ѓоковиќ во Австралија „виси на конец“: Министерот за имиграција сè уште го разгледува укинувањето на виза

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок сè уште ја разгледува одлуката за статусот на визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Хок сè уште размислува за употреба на дискреционите овластувања да ја укине визата на 34-годишниот Србин, откако ги разгледал доказите обезбедени од адвокатите на Ѓоковиќ за ова прашање, изјави Морисон во Канбера.

– Ова се лични министерски овластувања што може да ги спроведува министерот Хок и нема да давам дополнителни коментари во овој момент, рече Морисон во забелешките што ги објави австралиската новинска агенција ААП.

Според ДПА, учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен следната недела останува нејасно во очекување на одлуката на Хок.

Суд во Мелбурн во понеделникот го поништи откажувањето на визата на Ѓоковиќ минатата недела во однос на строгите правила за влез во Австралија поврзани со коронавирусот. Ѓоковиќ не е вакциниран.

Кабинетот на Хок вчера соопшти дека дополнителните информации од адвокатите на Ѓоковиќ ја поместиле временската рамка за одлука.

И австралиските медиуми јавуваат дека Хок денеска нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ. Извор од федералната влада потврдил дека Хок сè уште размислува за ова прашање и дека нема да донесе одлука вечерва по локално време, јавија весниците „Сиднеј Морнинг Хералд“ и „Ејџ“. (МИА)

Коронавирус