сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Останати спортови

Прес-конференцијата се претвори во хаос: Фјури и Вајлдер не избираат место за физичка пресметка (ВИДЕО)

Прес-конференцијата се претвори во хаос: Фјури и Вајлдер не избираат место за физичка пресметка (ВИДЕО)

Светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер и неговиот противник Тајсон Фјури за малку ќе имаа физичка пресметка пред прес-конференција во Лас Вегас.

Двајцата лути ривали застанаа еден кон друг и почнаа да си кажуваат нешто в лице. Ова траеше околу една минута, по што Американецот го турна Британецот, по што на ист начин возврати Фјури.

Тогаш реагираа членови на боксерските тимови и лицата од обезбедувањето кои спречија тепачка.

Битката помеѓу Вајлдер и Фјури ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас.

Триесет и четиригодишниот Вајлдер има 42 победи и 1 реми. Од друга страна, 31-годишниот Фјури  има 29 победи и 1 реми.

Првиот меч меѓу нив се одржа на 1 декември 2018 година и заврши нерешено.

Коронавирус