среда, 11. мај 2022. Вести денес: 0
home Останати спортови

Познато времето кога Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија

Познато времето кога Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија во 22.30 часот по австралиско време или во 12.30 часот по средноевропско време.

Ѓоковиќ потоа ќе се качи во авионот и ќе одлета за Дубаи каде ќе биде префрлен.

Информацијата ја потврди Пол Сакал – новинар на угледниот австралиски портал „Ејџ“.

Ѓоковиќ ќе лета за Дубаи, а се уште не се знае дали од Емирати директно ќе оди во Белград или можеби во својата резиденција во Монако.

На сајтот на аеродромот „Никола Тесла“ под категоријата „пристигнувања“ пишува дека во Белград во 22 часот и 55 минути пристигнува авион од Дубаи, па можно е таму да биде и Новак.

Оваа информација се уште не е потврдена. Новак Ѓоковиќ ќе го напушти овој континент по единаесет турбулентни денови во Австралија, откако доби налог за депортација од Австралија со одлука на тричлениот Судски совет на Федералниот суд во Канбера, кој го спречи неговото појавување на Австралија опен, турнир на кој има осовено девет титули.

Коронавирус