петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал се враќа на турнирот во Барселона

Рафаел Надал се враќа на турнирот во Барселона
RAFAEL NADAL (ESP) TENNIS - FRENCH OPEN - ROLAND GARROS - ATP - WTA - ITF - GRAND SLAM - CHAMPIONSHIPS - PARIS - FRANCE - 2020 © TENNIS PHOTO NETWORK

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал важи за еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт.И натаму игра на врвно ниво и се очекува да продолжи така и во текот на оваа пандемиска година.

-Се надевам дека на крајот од кариерата кога ќе престанам да играм, ќе имам време се да анализирам. Сега сум фокусиран само на она што го работам. Тенисот оди брзо, имаме многу турнири. Само во овој дел од сезоната играм на земја во Монте Карло, Барселона, веројатно Мадрид и Рим, а потоа и на Ролан Гарос. Нема многу време за уживање и размислување за сè, јас сум го освоил ова или она. Досега имав успех, но ова е нова сезона. Единствено што можам да направам е да играм и да тренирам и да се ставам во позиција да можам да се натпреварувам, -порача Надал кој во јуни годинава ќе наполни 35 години.

Коронавирус