вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 151
home Останати спортови

Позната висината на паричната награда која Дејан Георгиевски и неговиот тренер ќе ја добијат за сребрениот олимписки медал

Позната висината на паричната награда која Дејан Георгиевски и неговиот тренер ќе ја добијат за сребрениот олимписки медал

Владата донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари.

Ваквата одлука е донесена на редовната 92-ра владина седница. На седницата одлучено е на тренер Борче Костовски да му бидат доделени 600.000 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Коронавирус