недела, 26. септември 2021. Вести денес: 84
home Останати спортови

Потврда за квалитетот: Начевски и Николов ќе го судат дербито на второто коло

Потврда за квалитетот: Начевски и Николов ќе го судат дербито на второто коло

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел и од второто коло од машкиот ракометен турнир во Токио, и тоа како задолжени за делење на правдата на дербито на оваа рунда меѓу Шпанија и Норвешка. Двете селекции со победа го стартуваа настапот на ОИ, но влогот за што подобар пласман во групата е огромен, така што Шпанците и Норвежаните максимално мотивирани ќе влезат во утрешната пресметка.

Сепак, Начевски и Николов низ годините се наметнаа како арбитри од највисока класа кои одлично се снаоѓаат на мечеви со максимален притисок и нема сомнеж дека истото ќе го докажат и во Токио. Тие ја делеа правдатаа и во рамките од првото коло, при триумфот на Египет над Португалија.

Мечот меѓу Шпанија и Норвешка на програмата е утре наутро со почеток во 9.15 часот.

Коронавирус