сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 49
home Останати спортови

Последната трка од државниот шампионат во автомобилизам ќе се вози на 1 ноември на патеката кон Пониква

Последната трка од државниот шампионат во автомобилизам ќе се вози на 1 ноември на патеката кон Пониква

По две одложувања на терминот, последната ридско-брзинска трка од овогодишниот државен шампионат во автомобилизам ќе се вози на 1 ноември на патеката кон Пониква.

На состанокот што го иницираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, претставниците на Автомобилистичката федерација и сопствениците на угостителски објекти на Пониква се договориле трката да се вози, со оглед што таа е во функција на промоција на планинскиот центар. Притоа е постигната и согласност за идната година да се изготви календар на натпреварите.

Кочани ја има најдобрата патека за ридско-брзински трки во Македонија, а Пониква е прекрасно место и штета е да се прекине традицијата стара 30 години. Автомобилизмот е високоризичен спорт и бара многу ангажман и финансиски средства за подготовки, поради што задоволни сме што со помош на локалната власт најдовме заеднички јазик со угостителите и годинава успешно ќе го привршиме државниот шампионат, истакна Ранко Станојковски, претседател на комисијата за спорт при Автомобилистичката федерација на Македонија.
Угостителите на Пониква се противеа на одржувањето на ридско-брзинските трки поради затворањето на патеката, која е дел од регионалниот патен правец кон планинскиот центар на Осогово, со образложение дека во деновите додека трае натпреварувањето посетителите не можат да стигнат до угостителските објекти.

На работниот состанок е заклучено ридско-брзинските трки на Пониква од догодина да се одржуваат во последната седмица од април и во првата од септември, во периодот меѓу 12 и 16 часот, а организаторот да води сметка тоа да не биде продолжен празничен викенд.

Коронавирус