понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 25
home Останати спортови

Португалското Гран при во Формула 1 ќе се одржи со гледачи

Португалското Гран при во Формула 1 ќе се одржи со гледачи

Португалските власти соопштија дека трката во Портимао ќе се одржи со гледачи. Големата награда на Формула 1 ќе се одржи во Португалија од 23 до 25 октомври, пренесува „Грандија“.

Организаторите на трката „Нирбургринг“ исто така се надеваат дека навивачите ќе можат да присуствуваат на настанот. Германската етапа од Ф1 е планирана за периодот 9 – 11 октомври.

По три трки од почетокот на сезоната во Формула 1 доминираат возачите на Мерцедес кои забележаа три победи. Две Луис Хамилтон и една Валтери Ботас. (MИА)

Коронавирус