недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Останати спортови

Поранешен светски шампион во бокс осуден на три години затвор!

Поранешен светски шампион во бокс осуден на три години затвор!

Поранешниот германски боксер, Аднан Катиќ (43), познат како Феликс Штурм, е осуден на три години затвор поради затајување на данок од 1.000.000 долари во периодот меѓу 2008 и 2010, како и во 2013 година, пишуваат германските медиуми.

Инаку, оваа казна можеше да биде и поголема, но Судот го ослободи Катиќ за затајувањето на данов во 2011 и 2012 година. Катиќ е уапсен на почетокот на април 2019 година, а беше ослободен од притвор по осум месеци.

Под псевдонимот Феликс Штурм, од 2001 до 2016 година, тој забележа 40 победи на 49 борби и шест порази, како и три нерешени дуели.

Тој беше повеќекратен светски шампион во средна и супер-средна категорија.

ЕУРО 2020

Македонија