недела, 9. мај 2021. Вести денес: 73
home Останати спортови

Поради компликации со коронавирусот: Почина олимписката победничка во стрелаштво

Поради компликации со коронавирусот: Почина олимписката победничка во стрелаштво

Олимписката победничка во стрелаштво во дисциплината скит Унгарката Дијана Игалу почина на 56-годишна возраст од компликации поврзани со коронавирус, соопшти Унгарската федерација во стрелаштво.

Игалу починала денеска, три дена откако била примена во болница.

Својот најголем успех во кариерата го постигна на Олимписките игри во Атина во 2004 година, освојувајќи го златниот медал во скит со што стана првата Унгарка која освои злато во стрелаштво.

Четири години порано, на Игрите во Сиднеј, ја освои бронзата, а во кариерата четири пати беше светски, а шест пати европски првак со вкупно 32 медали на големите натпреварувања.

Коронавирус