четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Попрво би ги пропуштил ЛОИ, отколку да се вакцинаирам

Попрво би ги пропуштил ЛОИ, отколку да се вакцинаирам

Јохан Блејк, член на златната олимписка штагета на Шамајка на 4х100 метри од Рио де Жанеиро, исјави дека попрво би ги пропуштил Леттните олимписки игри во Токио, отколку да се вакцинира против ковид – 19.

-Мојот ум е чист, не сакам никаква вакцина. Попрво не би учествувал на Олимписките игри. Сигурен сум дека нема да се вакцинирам, изјави поранешниот светски шампион на 100 метри и притоа додаде:

-Не сакам да навлегувам во деталите, но имам добра причина за мојата одлука. Нема да дозволам никаква вакцина дури и да ми биде забрането да учествувам на сите наредни Олимписки игри.

Дури и да не се вакцинира 31 – годишниот Блејк најверојатно ќе може да учествува на Олимписките игри во Токио, кои за него ќе бидат трети во кариерата. Засега Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) смета дека вакцинацијата на спортистите е препорачлива, но не и задолжителна.

Се очекува вакцинацијата на Јамајка против коронавирусот да започне наредната недела, а Олимписките игри во Токио кои беа одложени за една година да бидат отворени на 23. јули.

Коронавирус