петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Полскиот тенисер Хуркач победник на АТП турнирот во Мајами

Полскиот тенисер Хуркач победник на АТП турнирот во Мајами

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач ја освои титулата на АТП Мастерсот во Мајами и тоа откако во денешното финале беше подобар од Јаник Синер со 2-0 во сетови.

Финалето траеше 1 час и 45 минути, во кој Хуркач беше подобар со 7-6 и 6-4, резултат кој ќе му донесе место во ТОП 20 на АТП листата.

Хуркач за прв пат во кариерата ќе биде меѓу најдобрите 20 на светот, но во исто време ќе напредува и Синер кој ќе дојде до 21 позиција на листата.

Коронавирус