среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 9
home Останати спортови

Поддршка од Курир на иницијативата каратето да биде олимписки спорт

Поддршка од Курир на иницијативата каратето да биде олимписки спорт

Откако беше одлучено каратето да има кратка олимписка кариера односно да биде дел само од Олимписките игри во Токио, Светската Карате Федерација покрена иницијатива каратето да остане на листата олимписки спортови и на Олимпијадата во Париз која ќе се одржи во 2024-та година.

Меѓу иницијаторите на оваа кампања е и европскиот шампион, македонецот Емил Павлов.

Курир дава поддршка на иницијативата на Светската Карате Федерација, каратето да биде олимписки спорт.

Иницијативата продолжува!

Европскиот шампион Емил Павлов и поранешниот боксерски олимписки шампион Маријан Касприк од Полска се меѓу стотиците ентузијасти што го прават предизвикот # TsukiForKarate2024 за да се побара вклучување на каратето на олимпијадата во Париз 2024.
КАРАТЕ ОЛИМПИСКИ СПОРТ!, стои во објавата на Фејсбук на Светската Карате Федерација.