недела, 26. септември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почна настапот на македонските олимпијци, Бранковски го освои 21. место во стрелба со воздушен пиштол

Почна настапот на македонските олимпијци, Бранковски го освои 21. место во стрелба со воздушен пиштол

Борјан Бранковски оствари одличен резултат на натпреварувањето во стрелба со воздушен пиштол од 10 метри, тој постави државен рекорд кој на крајот беше доволен за 21. место.

24-годишниот Борјан Бранковски беше првиот Македонец кој се појави на Олимписките игри во Токио, тој се натпреваруваше воо дициплината воздушен пиштол од 10 метри.

Го оствари за него највисокиот резултат 573 кругови (серии: 94 93 98 95 96 97) , ова беше негово најдобро стрелање во кариерата, постави државен рекорд и натпреварувањето го заврши на 21. место.

Зад него беше и олимпискиот првак од игрите во Рио, Хоан Сум Вин кој имаше исто колку и Бранковски но Македонецот имаше повеќе чисти десетки и се пласираше повисоко.

Најдобрите осум се пласираа во финалето, се покажа дека за таков успех се потребни 578 круга кои Бранковски не ги освои, но имаше одличен настап.

Претходно првиот златен медал на оваа Олимпијада го освои Јанг Џијан од Кина која победи во стрелање со воздушна пушка од 10 метри во женска конкуренција.

Коронавирус