четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 53
home Останати спортови

Почина тениската легенда: Двократниот освојувач на Вимблдон ја загуби битката со тешката болест

Почина тениската легенда: Двократниот освојувач на Вимблдон ја загуби битката со тешката болест

Легендарниот австралиски тенисер Питер Мекнамара (64) ја загуби битката со ракот, јавуваат светските медиуми.

По успешната тениска кариера, во која двапати го подигна пехарот на Вимблдон во 1980 и 1982 година, се оствари и во улогата на тренер.

Според зборовите на семеен пријател, освен најблиското семејство никој не знаел за неговата болест, бидејќи тој така сакал.

И покрај тешката болест, тој учествуваше на егзибиционите турнири и ја извршуваше тренерската работа, па поради тоа никој не се посомневал дека има  здравствен проблем.

Сочувство до семејството испрати и Борис Бекер

-Почивај во мир, Питер. Тој беше еден од добрите момци во тенисот. Мое сочувство до семејството и пријателите, напиша Бекер.