четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 111
home Останати спортови

Почина светскиот рекордер во фрлање кладиво 

Почина светскиот рекордер во фрлање кладиво 

Сопственикот на најдобриот резултат на сите времиња во фрлање кладиво, Русинот Јуриј Седих, почина на 66-годишна возраст поради проблеми со срцето, соопшти денеска Атлетската федерација на Русија.

Роден во руското гратче Новочеркаск во 1955 година, Седих на рана возраст се пресели во Украина, а по распадот на Советскиот сојуз живееше во Франција.

Во исклучително успешната кариера, Седих освои две златни и еден сребрен олимписки медал, а беше и светски првак и трикратен европски шампион.

Неговото постигнување од Штутгарт 1986 година (86.74 метри) и натаму е светски рекорд во дисциплината фрлање кладиво.  (МИА)

Коронавирус