вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Останати спортови

Почина двократниот освојувач на Вимблдон

Почина двократниот освојувач на Вимблдон

На 64-годишна возраст почина поранешниот тенисер Питер Мекнамара по тешко боледување.

Австралискиот тенисер ја загуби битката со најлошата болест на денешницата – ракот. Во светот на тенисот ќе биде запаметен како еден од најдобрите играчи во двојки.

Три пати освојуваше грен-слем трофеи во двојки, два на Вимблдон и еден на Ју-Ес Опен. Вкупно во кариерата освои 19 трофеи.  По завршувањето на кариерата, работеше и како тренер. Соработуваше со Марк Филипузис и Григор Димитров.