сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Победнички старт на Ѓорческа во Севиља

Победнички старт на Ѓорческа во Севиља

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа очекувано денеска ја мина првата пречка на турнирот во шпанскиот град Севиља совладувајќи ја домашната претставничка Алба Реј Гарсија со 2-0 во сетови.

Ѓорческа (279 на ВТА листата) го реши во своја корист првиот сет во тај-брек со 15-13, по што во вториот сет беше поубедлива, препуштајќи и на 890-рангираната светска тенисерка два гема.

Во второто коло Ѓорческа утре за противничка ја има Мартина Ди Џузеое од Италија (283). МИА

Коронавирус