сабота, 23. септември 2023. Вести денес: 54
home Останати спортови

Победи на Килде и Гоџиа на трките во Бивер Крик и Лејк Луис

Победи на Килде и Гоџиа на трките во Бивер Крик и Лејк Луис

Норвешкиот скијач Андре Омот Килде славеше и на спустот во американскиот скијачки центар Бивер Крик.

Килде низ целта влезе со време од 1:46.95 минута, победувајќи ги главните ривали Марко Одермат од Швајцарија и Тревис Ганонг од САД, кои го комплетираа подиумот.

Втора победа во два дена и за Софија Гоџиа од Италија. На спустот во Лејк Луис, Гоџиа славеше со време од 1:48.42 минута, што беше за 84 стоти делови од секундата подобро од Брези Џонсон од Соединетите Американски Држави.

Корин Сутер од Швајцарија оствари за 98 стотинки послабо време од победничката и заврши на третото место.