понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 44
home Останати спортови

Победа: Новак Ѓоковиќ без загубен сет го освои Мадрид!

Победа: Новак Ѓоковиќ без загубен сет го освои Мадрид!

Новак Ѓоковиќ по третпат во кариерата е победник на АТП Мастерсот во Мадрид. Српскиот тенисер во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 6:4. за негова 33. титула на турнирите од серијата 1.000, колку што има и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ заминува од шпанската престолнина со заслужена титула што ја понесе без загубен сет. По еден брејк во двата сета во финалето му беше доволни за конечен триумф над деветтиот рекет во светот и тоа во првиот и во последниот гем од натпреварот.

Мастерсот во Мадрид, што Ѓоковиќ го освојуваше и во 2011 година и во 2016 година, се играше за награден фонд од 6.408.230 милиони евра.

Во женското финале, Кики Бертенс ја порази Симона Халеп со 6:4, 6:4.