среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 79
home Останати спортови

ПК Бета со нови рекорди на „Скопје Опен 2018“

ПК Бета со нови рекорди на „Скопје Опен 2018“

Пливачите на ПК Бета викендот учествуваа на отвореното првенство „Скопје Опен 2018″ и освоија вкупно 164 медали од кои 67 златни, 59 сребрени и 38 бронзени.

Воедно нашите пливачи поставија нови рекорди во мешана штафета (Љупчо Ангеловски, Александар Стошиќ, Ана Јаневска, Марија Гајиќ) 4х50 метри слободно сениорска категорија со време 1.44,24, 4х50 метри мешано 1.54,78, женска штафета (Јана Милковска, Јана Ангеловска, Ивана Неделковска и Јвана Неделковска) 4х50 метри мешано постари пионери, кадетски и младински со време 2.21,55 и 4х50 метри слободно со време 2.07,45.

Пливачкиот клуб Бета беше прогласен за најдобар клуб на ова првенство.

(Миа)