петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Останати спортови

Пирели образложи зошто им пукнале гумите на Хамилтон, Ботас и Сајнц

Пирели образложи зошто им пукнале гумите на Хамилтон, Ботас и Сајнц

После три инциденти на Силверстоун во минатата недела на англиското гранпри во Формула 1, кога на Луис Хамилтон, Валери Ботас и Карлос Сајнц им пукнаа гумите во завршницата од трката, италијанскиот снабдувач со пневматици „Пирели“ после истрагата го објави своето образложение за сето тоа.

На Хамилтон му пукна гумата среде последниот круг, но сктуелниот светски првак успеа и на три тркала да победи, за разлика од Ботас и Сајнц кои предвреме мораа да ја завршат трката.

Според „Пирели“, пневматиците биле под голем притисок и затоа се случиле инцидентите.

„Второто излегување на безбедностното возило ги натера речиси сите тимови однапред да ги променат своите планирани одлуки во боксот и се одлучија за неверојатно долг стинт од околу 40 кругови. Тоа е повеќе од три четвртини од вкупната должина на трката на една од најтешките патеки во календарот. Во комбинација со очигледно брзиот ритам на годинешните болиди, тоа во последните кругови на Големата награда на Британија ги направи посебно тешки, како последица на големите притисоци кои најбзите болиди во Формула 1 ги извршија на пневматиците“, стои образложението на Пирели.

Коронавирус