недела, 16. декември 2018. Вести денес: 50
home Останати спортови

ПФМ одржа семинар за обука на судии

ПФМ одржа семинар за обука на судии

За време на пливачкиот натпревар „Скопје Опен“ Пливачката Федерација на Македонија во соработка со Градскиот пливачки сојуз и Агенцијата за млади и спорт организираше семинар за обука на судии каде свое излагање имаше лиценциран ФИНА судија Гордана Величковиќ од Словенија.

Воедно беше одржана и јавна трибина на тема „Стратегија за развивање на пливачкиот спорт во Р. Македонија 2018-2028″ каде свое предавање имаа Јенштеле Јоже, директор на Државен завод за изградба и одржување на спортски објекти и базени на Словенија, Игор Величковиќ, директор на завод за спорт во Крањ и селектор на пливачката репрезентација на Словенија и Марјан Соколовски пливачки тренер и генерален секретар на ПФМ.

МИА