понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 37
home Останати спортови

Петар Спасеновски со две медали на европското универзитетско карате првенство

Петар Спасеновски со две медали на европското универзитетско карате првенство

Македонскиот карате репрезентативец Петар Спасеновски освои бронзена медали во поединечниот дел, како и сребрена медала во екипното натпреварување на европските универзитетски игри што се одржаа овој викенд во Загреб, Хрватска.

Спасеновски, во борбата за бронза го совлада италијанскиот карате репрезентативец, Андреа Бартоломеи со резултат од 5:0. Во екипните борби, пак, македонските каратисти остварија убедлива победа над карате репрезентацијата на Словачка со што се закитија со сребрен медал.

Петар Спасеновски, како дел од тимот на Макпетрол, е актуелен државен, балкански и европски карате шампион.