недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Перони преживеа страшна несреќа: Само чудо го спаси откако летна во воздух (ВИДЕО)

Перони преживеа страшна несреќа: Само чудо го спаси откако летна во воздух (ВИДЕО)

Возачот во Формула 3, Алекс Перони, имаше огромна среќа при дешениот инцидент на италијанското Гран-при во Монца. Неговиот автомобил по излегувањето од патеката во еден своик буквално летна во воздухот и по неколку превртувања слета на заштитната ограда, а од него се разлета делови на сите страни.

Перони помина само со неколку модринки и сега е во болница на прегледи за да се утврди дали има повреди.

Пред една недела, во несреќа на ГН на Белгија во Формула 2, загина Французинот Антоан Хуберт, кој се судри со Хуан Мануел Кореа. Вториот заврши во болницата и сега е во вештачка кома.