сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Останати спортови

Оваа статистика му создава главоболка на Ѓоковиќ: Од врвот паѓа на дното

Сигурно ќе загуби и 180 бода од Мастерсот во Монте Карло бидејќи таму не планираше да игра, дури и ако е здрав. Најмногу би загубил во Рим, 600 бода бидејќи лани играше финале.
Оваа статистика му создава главоболка на Ѓоковиќ: Од врвот паѓа на дното

Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ризикува да доживее огромен пад на АТП листата ако рехабилитацијата по операцијата трае подолго од очекувањата.

Некои прогнози се дека тој нема да се врати до Вимблдон и ако тоа се оствари, Ѓоковиќ ќе загуби 2.290 од сегашните 2.470 бода и во најлош случај би паднал дури на 277. позиција.

Првите бодови што ќе ги загуби се од турнирот во Акапулко кој се игра пред крајот на месецов, а на кој Србинот сигурно нема да настапи.

Сигурно ќе загуби и 180 бода од Мастерсот во Монте Карло бидејќи таму не планираше да игра, дури и ако е здрав. Најмногу би загубил во Рим, 600 бода бидејќи лани играше финале.

Но, и покрај големиот пад што го очекува, Ѓоковиќ има можност сето тоа да го врати во вториот дел од сезоната во кој не брани ниеден бод. Проблем е само тоа што ќе стартува како нископласиран и постои можност веќе во првите кола од големите турнири да се сретне со најдобрите светски тенисери.

Локални избори 2021