среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ова се противниците на Македонија за ЕП 2021 во одбојка

Ова се противниците на Македонија за ЕП 2021 во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби ривалите во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Жрепката што се одржа попладнево во Луксембург, ги смести „црвено-жолтите“ во групата Ц заедно со селекциите на Данска, на Турција и на БиХ.

Група А: Холандија, Шведска, Хрватска

Група Б: Бугарија, Австрија, Израел

Група Ц: Данска, Македонија, Турција, БиХ

Група Д: Шпанија, Летонија, Молдавија, Кипар

Група Е: Словачка, Романија, Швајцарија, Романија

Група Ф: Грција, Црна Гора, Азербејџан, Грузија

Група Г: Белорусија, Португалија, Норвешка, Унгарија

Квалификациите ќе се играат во летниот период. Победниците на седумте групи и петте најдобри второпласирани селекции ќе осигураат пласман на завршниот турнир наредната година.