вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Останати спортови

Откриени детали за скандалот на Олимписките игри: Што се случува со атлетичарката која беше присилена да се врати дома?

Откриени детали за скандалот на Олимписките игри: Што се случува со атлетичарката која беше присилена да се врати дома?

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на Твитер објави соопштение за ситуацијата со белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја.

-Вечерва, ИОК и организаторите на Олимпијадата во Токио разговараа директно со Кристина Тимановскаја. Таа сега е на аеродромот Ханеда со властите, придружувана од претставник на персоналот во Токио 2020. Ни кажа дека се чувствува безбедна. ИОК и Токио 2020 ќе продолжат да комуницираат со Кристина Тимановскаја и властите за да ги одредат следните чекори, сооптшија од ИОК.

Претходно таа побара помош од ИОК. Таа изјави дека била принудена да се врати во својата татковина без нејзина согласност.

Во исто време, Олимпискиот комитет ОК на Белорусија објави дека таа ќе престане да учествува на Олимпијадата „поради нејзината емоционална и психолошка состојба“.

Атлетичарката тврди дека се обидуваат со сила да ја однесат дома. Пред тоа, таа ги критикуваше спортските власти дека е ставена во штафетата 4х400 метри на Олимпијадата во 2020 година, без нејзино знаење. (МИА)

Коронавирус