недела, 27. септември 2020. Вести денес: 22
home Останати спортови

Остапенко и Венус Вилијамс со изненадувачки порази во Мадрид

Остапенко и Венус Вилијамс со изненадувачки порази во Мадрид

Победничката на отвореното првенство на Франција, Елена Остапенко претрпе неочекуван пораз на турнирот во Мадрид. Латвијката беше поразена со 3:6, 3:6 од романската квалификантка Ирина-Камелија Бегу, а истото се случи и на Венус Вилијамс.

Дваесет-годишната Остапенко загуби само за час и 25 минути игра, откако допушти брејкови во првиот и последниот гејм на првиот сет, а во вториот загуби на три пати на свој сервис при серија од пет последователни брејка.

Американката Венус Вилијамс, чие најдобро достигнување во Мадрид е второ место во 2010-та година, загуби со 6:3, 3:6, 2:6 од естонката Анет Контавеит.

Четвртата во светот Елина Свитолина пак забележа 28 винери за победа од 6:2, 6:2 против Ализе Корне, додека Каролина Плишкова ја продолжи серијата од шест последователни победи со 29 винери и седум аса против Елена Веснина. Натпреварот заврши 6:4, 6:2 за чехињата.

– Можам да играм уште посилно. Правам некои работи многу добро, но имам проблеми со концентрацијата. Понекогаш, откако ќе освоиш турнир, очекуваш сѐ да биде полесно, но треба да се концентрирам, бидејќи до крајот на овој ќе биде многу тешко, рече Плишкова по мечот.

Во друг меч, Американката Коко Вандевег, која е 12-ти носител на турнирот во Мадрид, загуби против Французинка Кристина Младеновиќ со 5:7, 0:6. Дуелот траеше час и половина.

Коронавирус