вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Останати спортови

Осака најдобра тенисерка во септември во изборот на ВТА

Осака најдобра тенисерка во септември во изборот на ВТА

Третиот светски рекет во женска конкуренција, Јапонката Наоми Осака, е победничка во гласањето за титулата најдобра тенисерка во септември, според официјалната веб-страница на ВТА.

Осака доби најмногу гласови во конкуренција на Арина Соболенко од Белорусија и Каролина Плишкова од Чешка.

Јапонската тенисерка во септември го освои турнирот во татковината, во градот Осака.