сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 65
home Останати спортови

Осака: Извинете што заврши вака

Осака: Извинете што заврши вака

Младата jапонска тенисерка Наоми Осака ја освои првата гренд слем титула во кариерата, откако во финалето на Ју-Ес опен ја победи Серена Вилијамс со 2:0 во сетови.

Осака не го криеше задоволството од постигнатиот триумф, на кој за жал сенка фрли неприличното однсување на нејзината искусна противничка.

Вилијамс нервозно играше во текот на целиот натпревар, загуби и контрола над емоциите, потоа го искрши рекетот и во два наврати се расправаше со судијата. Американската тенисерка поради ваквото однесување беше казнета, а тоа предизвика незадоволство кај домашната публика.

– Знам дека навивате за неа, извинете што заврши вака… Во секој случај ви благодарам што го гледавте нашиот натпревар. Мечтаев да играм во финале на Ју-Ес опен со Серена и драго ми е што имав таква можност, истакна 20-годишната тенисерка во обраќањето до публиката.

Јапонската тенисерка со освојување на Ју-Ес опен ќе добие и парична награда од 3,8 милиони долари. (МИА)