четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 170
home Останати спортови

Организаторите на Австралија опен ќе бидат тужени поради карантинот за тенисерите

Организаторите на Австралија опен ќе бидат тужени поради карантинот за тенисерите

Сопствениците на апартмани во „Вестин Мелбурн“ се подготвуваат да ги тужат организаторите на Австралија опен во врска со нивната одлука за карантин на тенисери во овој хотел, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“.

Тие стравуваат за нивното здравје и не се согласиле странските играчи да живеат со нив.

– Изгледа дека сме фрлени и незабележани. Оваа ситуација предизвикува проблеми со здравјето и човековите права кои не се проучени, вели еден жител на хотелот кој живее таму 15 години.

Австралија Опен треба да се одржи од 8 до 21 февруари. Тенисерите ќе пристигнат во Мелбурн кон средината на јануари и ќе одат во задолжителен карантин од 14 дена пред почетокот на натпреварувањето.

Коронавирус