петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Останати спортови

Олимписките игри во Токио нема да бидат откажани

Олимписките игри во Токио нема да бидат откажани

Олимписките игри во Токио нема да бидат откажани и покрај зголемувањето на бројот на новозаразените од коронавирусот, изјави претседателката на Организацискиот комитет, Сеико Хашимото.

Хашимото на прес-конференцијата беше прашана дали има одредени услови под кои ќе бидат откажани Олимписките игри.

„Постојат голем број грижи, но како организациски комитет на Токио 2020, не размислуваме за откажување на игрите“, рече Хашимото.

Прашањето беше покренато откако Никаи Тошихиро, генералниот секретар на јапонската владејачка Либерално-демократска партија (ЛДП), најави можно откажување на Игрите.

Говорејќи на националната телевизија, Никаи рече дека Организациониот комитет на Олимписките игри во Токио внимателно ја следи состојбата во врска со зголемувањето на бројот на заразените во земјата, што може да ја отежни организацијата на натпреварот.

Истражувањето на агенцијата Кјодо спроведено овој месец покажа дека само 24,5 проценти од граѓаните низ целата земја сакаат Олимпијадата да се одржи според предвидениот рок.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, тие беа одложени и беше одлучено да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.

Локални избори 2021