сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 34
home Останати спортови

Олимпискиот шампион закрепнува по мозочниот удар

Олимпискиот шампион закрепнува по мозочниот удар

Четирикратниот олимписки шампион Мајкл Џонсон закрепнува по претрпен послаб мозочен удар.

Легендарниот американски атлетичар, кој беше светски рекордер на 200 и 400 метри, преку својот Твитер профил соопшти дека минатата недeла имал „исхемичен мозочен удар“.

– Добрата вест е што повторно сум дома со семејството, дека немам никакви срцеви проблеми и дека сум на вистински пат кон целосно заздравување, нагласи Џонсон.

Тој во текот на кариерата освои осум олимписки злата, а во Атланта во 1996 година стана првиот атлетичар кој ги освоил златните медали на 200 и 400 метри на исти Олимписки игри. Тој се повлече четири години подоцна, откако ја одбрани титулата на 400 метри на Олимписките игри во Сиднеј.

МИА