петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Олимпискиот факел ќе пристигне во Токио

Олимпискиот факел ќе пристигне во Токио

Олимпискиот факел денеска ќе пристигне во Токио, а потоа е планирано да помине низ цела Јапонија.

Организаторите на Олимписките игри во Токио вчера го презедоа олимпискиот пламен во Атина, на церемонијаодржана без публика поради пандемијата со новиот коронавирус. Олимпискиот факел беше предаден на Олимпискиот срадион „Панатинаико“, каде се одржани првите модерни Игри во 1896 година.

Олимпискиот факел беше запален пред седум дена, а неговото патување низ Грција беше стопирано 24 часа подоцна поради Ковид-19.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август.

Коронавирус