вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 18
home Останати спортови

Олимписка шампионка доживеа огромна трагедија: Добиваше златни медали, а денес не може ниту да оди

Олимписка шампионка доживеа огромна трагедија: Добиваше златни медали, а денес не може ниту да оди

Двократната олимписка шампионка, германската велосипедистка Кристина Фогел изјави дека веќе не може да оди, откако во несреќа го повредила рбетот.

Велосипедистката во јуни во текот на тренингот на патеката во Котбус со голема брзина се судрила со друг велосипедист. Веднаш била однесена во болница во Берлин, каде и биле извршени неколку операции.

Сепак, Кристина Фогел останала неподвижна. Таа е добитник на златнатниот олимписки медал во Лондон во 2012, како и во Рио четири години подоцна.

-Без оглед како ќе го претставите, јас веќе не можам да одам. Но, верувам дека што побргу се соочам со оваа состојба, толку полесно ќе се носам со неа, изјави 27 годишната спортистка за весникот Шпигел.

Во кариерата има освоено 11 светски титули. Ова не и прва тешка повреда. Во 2009 била во кома, бидејќи на тренинг паднала од велосипед по судар со автомобил.

До несреќета Фогел работела половина работно време како полицаец.